(ВИДЕО) УАПСЕН СЛАВЕН АМЕРИКАНСКИ РАПЕР: Бил опкружен со десетици специјални агенти за наводна трговија со луѓе

Прославениот музичар Шон „Диди“ Комбс, на нашата публика попознат како Паф Деди, бил уапсен во понеделникот вечерта во Њујорк, откако го обвинила големата порота.
Лице запознаено со деталите од обвинението потврдило дека против раперот ќе се води судска постапка, но не е јасно за што се работи.
Паф Диди бил уапсен во хотел во центарот на Менхетен во понеделникот доцна навечер од претставници на домашната безбедност, по што бил пренесен во канцеларијата на ФБИ, пишува TMZ.
Сè уште не е официјално познато кои се обвиненијата, но упатените за New York Times изјавиле дека веруваат дека музичарот е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.
Властите наводно планирале да го уапсат Комбс во вторник, „но нешто се случило што ги натерало“ да одлучат да го приведат порано од планираното, изјавил за медиумите неименуван извор.
Американскиот обвинител Демијан Вилијамс изјавил дека 54-годишната славна личност е уапсена во врска со запечатеното обвинение во јужниот округ на Њујорк. Федералните служби ја пребарале просторијата каде што го уапсиле Комбс, пишува TMZ, повикувајќи се на „непотврдени извештаи“.

„Разочарани сме од одлуката на американскиот обвинител да продолжи со неправедно гонење на г-дин Комбс“, изјавил Марк Агнифило, адвокатот на Диди, за Daily Mail.
„Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, претприемач кој се сам направил, семеен човек полн со љубов и докажан филантроп кој ги помина последните 30 години градејќи империја, посветувајќи се на своите деца и работејќи на подобрување на црнечката заедница“, додал тој.
Обвинението доаѓа помалку од шест месеци откако федералните власти извршиле рација во домовите на музичкиот магнат во Лос Анџелес и Мајами на 25 март оваа година, а апсењето на Диди најверојатно е поврзано со таа истрага.
Комбс беше во центарот на вниманието во поголемиот дел од изминатата година, по тврдењата на неговата поранешна девојка Кеси Вентура дека ја злоставувал и се занимавал со сексуална експлоатација. Во мај, во јавноста протече видео од 2016 година од хотелска соба во Лос Анџелес, на кое се гледа како тој брутално ја тепа. Раперот потоа и се обрати на јавноста, велејќи дека го „допрел дното“ и дека нема оправдување за неговото непростливо однесување.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …