(ВИДЕО) Тврдат дека не е словенечки – Снимката од разговорот на Меланија предизвикала дебата: Дали првата дама зборува босански, хрватски или српски?

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ги посетиле областите на Лос Анџелес кои биле опустошени од пожарите, а на социјалните мрежи набрзо почна да се споделува снимка од разговорот на Меланија со една од жртвите.
Имено, при посетата тие решиле директно да разговараат со луѓето кои останале без своите домови. Една од нив била жена, која, судејќи по јазикот што го зборува, по потекло е од нашите краишта.
Иако американските медиуми најчесто пишуваа дека тоа е словенечки јазик, бидејќи Меланија е по потекло од Словенија, повеќето корисници на социјалните мрежи веруваат дека тоа не е словенечки, туку некој друг јазик.


Додека госпоѓата зборува малку погласно, со што станува појасно дека не зборува словенечки, првата дама на многумина им звучела како да комбинира различни јазици со необичен акцент.
На почетокот од нивниот разговор се слуша како госпоѓата ги поздравува, а Меланија Трамп одговара со „Добарден. Како сте?“

После тоа, госпоѓата им се заблагодарува што дошле и продолжува да зборува на својот мајчин јазик, изјавувајќи дека живее во Кали од својата 10-та година Таа потоа одговара на прашањата на Мелани, наведувајќи дека имало подобри денови, и покажува каде живееле, и ја запознава со нејзиниот сопруг и на крајот тој вели дека има два сина.
Додека некои уверувале дека го зборува нивниот јазик, повеќето биле збунети. Сепак, многумина биле воодушевени од нејзиниот хуман гест и фактот што таа им се обратила на жртвите на јазик што го разбираат.
„Тоа не е словенечки, беше хрватски, српски или босански. Ако би требало да погодам, мислам дека акцентот е босански“, „Не слушнав добро, но изгледа како да зборува српско-хрватски со словенечки акцент“, „Тие луѓе зборуваат српски со неа“, а таа изгледа го разбира“, беа дел од коментарите.

Инаку, американските медиуми претходно пишуваа дека Меланија Трамп всушност има голема љубов кон странските јазици и зборува дури шест јазици. Таа наводно има способност брзо да учи јазици, а досега освен англиски и словенечки, научила и француски, германски, италијански и српски.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …