СПАСУВАЧИТЕ спасиле пет мачки, куче и папагал кои три недели биле заробени во станбена зграда во која се случи експлозија на гас во Ногинск во близина на Москва, во која загинаа седум лица, изјави денеска активистката за човекови права Марија Ахмедова.
– Неколку животни, куче, четири мачки, маче и папагал беа спасени вчера и денес – напишала Ахмедова, член на Претседателскиот совет за граѓанско општество и човекови права, на својата страница на Фејсбук, објави ТАСС С.
Во експлозија на гас што ја потресе деветкатната станбена зграда во Ногинск, источно од Москва, на 8. септември, предизвикувајќи делумен колапс на зградата, загинаа седум, а 22. лица беа повредени.
Фото: Принтскрин/YouTube