Трејлерот за хоророт кој го продуцира мексиканскиот Оскаровец, Гилјерно Дел Торо, „Antlers”, веќе ги преплашил луѓето откако вчера бил објавен на Јутјуб.
На режисерската палка се нафатил Скот Купер (“Crazy Heart”, “Hostiles”), кој воопшто нема искуство со хорорите, а токму поради тоа Дел Торо и’ го ангажирал.
„Гилјермо е фантастичен, полн со подршка и многу фантазија, па ова е навистина одлична соработка. Многу сум среќен што го бараше тоа од мене“, рекол Купер.
Некои на Твитер трејлерот го опишале како проклето добар додека други признале дека ги преплашил.
„Antlers” се базира на кусата приказна „The Quiet Boy” на Ник Антоск, кој со Купер и С. Хенри Чеисон работел на сценариото. Во филмот глумат Кери Расел, Џереми Т. Томас и Џеси Племонс („Breaking Bad”), а најавен е за 17. април 2020. година.