(ВИДЕО) Трејлерот на еротскиот филм „Babygirl“ во кој глуми Никол Кидман, за два дена собра речиси три милиони прегледи


Студиото А24 го објави официјалниот трејлер за еротскиот трилер „Babygirl“ во режија на Халина Рејн, со Никол Кидман и Харис Дикинсон во главните улоги.
Долгоочекуваниот филм имаше премиера на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, а Никол Кидман ја доби и наградата Volpi Cup за најдобра актерка.
Трејлерот за филмот беше објавен пред два дена, а веќе собра речиси три милиони прегледи.


Во филмот, Кидман игра моќна извршна директорка и семејна жена од Њујорк, која започнува ризична афера со нејзиниот многу помлад практикант, кој го игра Харис Дикинсон.
Покрај Кидман и Дикинсон, улогите во филмот ги толкуваа: Антонио Бандерас, Виктор Слезак, Софи Вајлд, Вон Рајли, Естер Мек Грегор, Лесли Силва и Аноп Десаи.
Критичарите кои имаа можност да го погледнат филмот веруваат дека ќе биде многу успешен и дека Кидман најверојатно ќе добие бројни номинации за нејзината улога. Судејќи по коментарите под објавениот трејлер, реакциите се главно позитивни.
„Babygirl“ ќе се прикажува во кината на 25 декември.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …