Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени ја погодил пошироката област на Драч во Албанија, еден од најсилните земјотреси во регионот од завчерашниот катастрофален земјотрес кој однесе 40. животи.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километра, а забележан е на 25 километри од Драч и на 48 километри од Тирана.
Засега нема информации за нови жртви или рушење на згради.
Земјотресот се случил во Јадранското Море, а според првичните информации, тоа предизвика нова загриженост и страв кај Албанците кои не спиеле мирно веќе две ноќи, а илјадници луѓе престојуваат надвор од своите домови.
Rruga e Kavajes, qytetaret ne panik on Vidnews.
Во земјотресот што се случи во вторникот загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 600 се повредени.
Многу станбени објекти се уништени, а спасувачките екипи работат на ископување и лоцирање на лицата по кои се трага.