Тинејџерот од Бафало кој по своја иницијатива чистел после протестите за убиството на Џорџ Флојд бил великодушно и неочекувано награден за неговите напори.
Антонио Гвин Јуниор, 18-годишен средношколец, добил целосна стипендија на универзитетот Медаил во Бафало, и ќе може да дојде во кампусот со црвен Мустанг од 2004. година, која му е дадена од благодарен член на заедницата, кога го видел дека чисти.
Кога неговата приказна стана позната, тој исто така добил една година бесплатно осигурување, од локален бизнисмен, за своето ново милениче, јавува Си-Ен-Ен.
„Се чувствував принуден да му помогнам“, рекол Боб Брикленд од Осигурувањето за Buffalo WKBW-TV. „Треба да се собереме и да покажеме колку добри луѓе има тука“.
Како и други градови ширум САД и’ Буфало бил погоден со протести после убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис на 25-ти мај.
Откако ја забележал штетата во својот роден град, Гвин чистил дури 10. часа а кога волонтерите се појавиле подоцна тој ден, сфатиле дека тинејџерот веќе исчистил скоро сè. Мет Блок ја видел приказната на локалните вести и бил толку трогнат што решил на момчето да му подари „Мустанг“.
Тој рекол дека не можел да се реши да го продаде, а ова било добар начин да се ослободи од автомобилот знаејќи дека ќе се најде во рацете на некој што ќе знае да го цени.