Млад возач во Русија поминал на црвено светло и удрил во група деца на пешачки премин, при што повредил четворица.
Се појави видео на кое се гледа како 18-годишен возач забрзува кон пешачкиот премин кој во тој момент го минувале ученици во градот Вијкса во западна Русија.
Тинејџерот во „Лада“ прелетал низ децата кои летнале во воздух.
Во инцидентот се повредени четири деца на возраст од осум до 16. години.
Врз основа на трагите од гумите, утврдено е дека возачот се обидел да закочи кога ги видел децата, но сопирачките откажале.
Фото: Принтскрин/DailyMail