Луѓето од страна им викале дека доаѓа кола, но тие се тепале, а редарите се обидувале да ги смират
На социјалните мрежи се појави видео направено вчера на релито WRC, кое викендов се одржува во Хрватска, пренесува Index.hr.
На видеото се гледа како неколку мажи се тепаат, но точната локација не е позната. Можете да ги слушнете како зборуваат на хрватски, поточно пцујат.
Луѓето од страна им викаат дека доаѓа автомобил, но тие се тепаат, а редарите се обидуваат да ги смират.
Тие побегнале практично во последен момент, а полицаецот последен останал на патот. Тој бил веднаш до патот кога со голема брзина долетал автомобил и буквално прелетал низ таа делница.
Фото: Принтскрин/YouTube