АВСТРАЛИСКАТА телевизија ABC случајно емитувала инсерти од сатанистички ритуал за време на ноќното емитување на вестите, што на гледачите им овозможило неочекуван увид во верските обреди на сатанистите со седиште во Квинсленд, пишува Insider..
Исечокот бил објавен по вестите за предлагање затворски казни за оние што повредија полициски животни.
ABC's satanic slip-up. What was going on here? @abcnews pic.twitter.com/D1dWfjOYhM
— Media Watch (@ABCmediawatch) August 19, 2021
На снимката се гледаат три лица на сцената, едниот носи црна наметка со качулка, додека другиот седи зад тастатура до превртеното распетие.
Во еден момент, еден од нив вика гласно: „Здраво, Сатана“, а потоа кадарот се враќа во студиото на водителката Ивон Јонг.
Водителката, како да не ја забележала грешката, лежерно се префрлила на другите вести, но бројни гледачи почнале да пишуваат на Интернет за овој бизарен настан.
Did they ever say what happened with that satanic ritual on abc this morning? 😂
— ash (@ashleighkatexx) August 20, 2021
accidentally shown its viewers footage from a Satanic ritual during the middle of a routine newscast. The blunder was linked online to a current court case about teaching Satanism in schools.
The excerpt from the news broadcast, posted by ABC Media Watch on Twitter, begins with— linz (@supergranlinz) August 20, 2021
Не е познато како снимката од сатанскиот ритуал стигнала до ABC, но сатанистите веднаш потоа објавиле фотографија од водителката на својот Фејсбук профил и ја нарекле „нивна хероина“.
ABC се уште не се огласила по повод овој инцидент.
Фото: Принтскрин/Twitter/Facebook