(ВИДЕО) ТАЖНО – ИТАЛИЈАНЕЦ ИСПРАТИЛ ПОРАКА ОД ИНТЕНЗИВНА НЕГА: „Вирусот влезе во моето тело, го уби и мојот татко! Морате да сфатите дека ова не е игра!“

„Вирусот влезе во моето тело и го уби мојот татко. Тој влегува во вас, ве обзема, ги презема белите дробови и дишните патишта“. Вака започнува приказната на Ѓани Зампин, 40-годишник од Торино, кој е заразен со вирус, а преку социјалните мрежи сака да им го каже на сите своето искуство и да повика на претпазливост.
“Јас, како и многу други, го потценив корона вирусот. Мора да разберете дека ова не е игра”, вели Ѓани Зампино во својот апел, додавајќи: “Бидете внимателни, останете дома со своите семејства”.
Видеото, во кое 40-годишнаиот Ѓани Зампино од Торино го раскажува своето искуство директно од кревет на интензивна нега, привлече големо внимание во Италија, а, како што вели, е многу актуелно и во нашата земја, деновиве.
„Ноќите ги минувам со респиратор. Не можам да спијам. Мојот живот се сврте наопаку. Посакувам никој да не ги доживее страдањата што ги почувствував, бидејќи ова изгледа како хорор филм, но за жал не е“.
„За жал, сè уште не можам да дишам без помош на оваа маска и ноќе морам да носам шлем што ми дозволува да дишам“, рекол тој во видеото објавено на социјалните медиуми.


„Сакам да го направам ова видео“, објаснил тој, „затоа што гледам дека премногу луѓе сè уште лесно го сфаќаат овој проклетен вирус, што ми го уништи животот за десет дена“.
Во својата исповед Ѓани раскажува дека до пред неколку дена неговиот живот поминувал без проблеми. „Имав менаџерска работа. Се грижев за татко ми. Се бавев со моите хобија, вклучително и многу спортови“, се сеќава тој. И тогаш пријатели,еден нормален живот.
„Морам да кажам дека го потценив овој вирус како многу други. Мислев дека сето тоа е политичка и воена кампања, измама, многу работи“.
“Овој вирус влезе во моето тело и исто така ја уби најомилената личност во мојот живот, а тоа беше мојот татко. Секој вели дека овој вирус е обичан грип. Можам да ви кажам дека не е“, вели 40-годишниот. „Влегува во вас, ве обзема, ги зема белите дробови и дишните патишта. Најлошо од сè, тој е непознат. Како можеш да победиш противник што не го знаеш?”.
“Има малку вистински информации, премногу незнаење. Мојата порака е да се биде внимателен, да останете дома со семејствата, да гледате филм, да читате книга, да играте табла. Само со следење на овие правила заедно ќе можеме да си го вратиме животот во свои раце”, се вели во пораката на Ѓани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Балканско патување“ и гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска со настап во Софија

Регионалното претставување на музичкиот проект „Балканско патување“ на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска започнува вечерва, …