(ВИДЕО) Татко тврди дека нешто го повлекло неговото дете под креветот, луѓето пишуваат:„Ова е хорор!“

МОРБИДНА снимка од надзорна камера во детската соба станала вирална на ТикТок.
Имено, татко на двегодишно девојче објавил видео во кое, како што тој тврди, некој или нешто го вовлекло девојчето под кревет.
„Нешто ја повлече мојата ќерка под креветот. Мојата сопруга мисли дека отползела, но јасно е дека нешто ја повлекло“, напишал на видеото кое, на ТикТок, го погледнале осум милиони луѓе.


На видеото се гледа како девојчето си игра и по неколку моменти таа оди на другиот крај од нејзиниот кревет каде што се наведнала како да бара нешто. Наскоро почнала да вика по својата мајка и да плаче бидејќи сè побрзо исчезнувала под креветот.
„Нема шанси таа да се исплашила од нешто и да ја вика нејзината мајка, а потоа доброволно да оди под креветот”, „Дали вашата жена не слуша како звучи малото девојче? Таа очигледно се плаши и вреска по нејзината мајка. Очигледно е дека е исплашена и дека вреска по мајката. Срцето ми застана“. „На ваше место јас би ги предал клучевите на тој дух и би се иселил од куќата“, „Ова е толку морничаво“, „Полошо од ужас“, се само некои од коментарите под објавата.
Подоцна, таткото објавил уште неколку снимки и открил дека нивната ќерка повеќе не спие во таа просторија.

Фото: Принтскрин/ТикТок


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Григориј, епископ Охридски

Свети Григориј, епископ Охридски, е истакнат православен светец и духовник од средновековниот период, кој ја …