„Жал ми е за твоите родители кои те одгледале да направиш нешто повеќе со својот живот, да бидеш успешен. Твојот успех е нивен успех.Твојата среќа е нивна среќа.Сега тие ќе плачат за злосторството кое го направи.Простувањето е најголем подарок или хуманост во Исламот…“
Несекојдневна глетка се случила во американска судница откако 24. годишниот Треј Релфорд бил осуден на 31. година затвор, а една сцена ги погодила сите, дури и судијката се расплакала.
Таткото на убиенот доставувач на пица, 22. годишниот Салахудин Џитмуд, кој е убиен пред две години, пред сите после говорот го прегрнал убиецот на својот син.
Таткото синот го опишал како нежно, великодушно и срамежливо момче кој се интересирало за музика, пишување и на кому тоа му била последна достава, откако одлучил да побара нова работа. На крајот на својот говор се свртил кон убиецот и ги шокирал сите во судницата кога кажал дека не го обвинува за убиството на својот.
„Мил синко, не те обвинувам што имаш вина за смртта на мојот син.Ја обвинувам сатаната која вас ве завела и ве натерала да направите вакво злосторство. Жал ми е за твоите родители кои те одгледале да направиш нешто повеќе со својот живот, да бидеш успешен. Твојот успех е нивен успех.Твојата среќа е нивна среќа.Сега тие ќе плачат за злосторството кое го направи.Простувањето е најголем подарок или хуманост во Исламот“, кажал таткото.
Истакнал дека е важно да се прости, затоа што простувањето како што тој вели било најголем дар од Господ.
Несреќниот Салахудин бил избоден и ограбен додека доставувал пица во Лексингтон во сојузната американска држава Кентаки, во април 2015. година.
Мајката на убиецот кажала дека нејзиниот син имал убаво детство, но дека како тинејџер почнал да се дрогира.
„Ја преземам целата одговорност за смртта на вашиот убав син. Искрено ми е жал за вашата загуба и шокирана сум со овој гест на простување“ изјавила мајката на убециот.
На крајот и самиот убиец се обратил.
„Страшно ми е жал за се. Не можам да ја замислам вашата болка, не можам ништо да направам, ви благодарам на прошката“ изјавил тој.