(ВИДЕО) Тајната анти „Викторија сикрет“ ревија е за различноста и позитивност на женското тело!

Ревиите на „Викторија сикрет“ се секогаш макал за илјадници гледачи, но и момент кога обичните жени се чувствуваат непријатно. Иако од реномираната компанија често знаат да објават дека нивните модели не се совршени, сепак не се случило на некоја модна ревија да се појави „обична жена“ со недостатоци или фалинки…а токму таквите жени се дел од нивните клиенти.
Поради тоа, токму такви жени кои ја искусиле и грдата страна на животот која може да ве промени од корен, организирале модна ревија наречена „Анти Викторија сикрет тајна ревија“…Но, тајната не останала тајна долго време бидејќи се појавила на интернет и добила многу коментари…
„Ова е одлична иницијатива, но имајте на ум дека Victoria Secret моделите се вистински жени. Не затоа што тие се со одредена големина и форма која е идеализирана од општеството значи дека тие се помалку од жена. Не ги познаваме нивните борби или приказни, па би било убаво да се види модна ревија за жените заедно, без оглед на формата, големината, етничката припадност итн.
„Моделите на „Викторија сикрет“ се жени со ограничувања. Спречени да изгледаат на одреден начин, ограничени да јадат на одреден начин. Уживав гледајќи го видеото со жени кои едноставно се прикажани со нивното вистинско автентично јас“.
Погледнете инсерти од нти ревијта:


The anti-Victoria’s Secret fashion show is all about diversity and body positivity

These women walked the anti-Victoria’s Secret runway to show that women of all shapes and sizes are beautiful ✨


Gepostet von In The Know Beauty am Montag, 16. Juli 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Eксклузивен концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се …