Новак Ѓоковиќ е одличен тенисер, но пред се е татко!
Новак Ѓоковиќ успеа! На една нога, повреден, победи против големиот ривал Карлос Алкараз со 5:6, 6:4, 6:3, 6:4 за три часа и 37 минути, а по мечот го видовме неговиот крик и големиот триумф. По натпреварот застана да разговара со Џим Куриер, првпат по скандалот кога одби да му даде изјава поради навредите на Тони Џоунс.
View this post on Instagram
Новак од поранешниот шампион беше запрашан како успеа повреден, бидејќи на крајот од првиот сет имаше повредена нога, да победи еден од најдобрите тенисери на денешницата. Но и на Новак не му било многу јасно, но како вистински спортист истакна дека победил голем тенисер.
„Од каде да почнам. Претпоставувам со моите две нозе и две раце. Морам на самиот почеток да кажам дека имам огромна почит за сè што направи и за начинот на кој играше Карлос. Тој е извонреден човек, најголемиот број еден досега во спортот, четири Гренд слема до сега, се надевам дека наскоро ќе видиме големи натпревари меѓу нас двајца. Ќе биде уште долго тука, можеби и подолго од мене“, рече Новак, а потоа се осврнал на својот следен ривал, Саша Зверева: „Но, овој натпревар денес беше…уф! Саша Зверев веројатно е буден и го гледа ова. Сега е еден по полноќ, ви благодариме на сите што останавте будни, ви благодарам на сите што останавте будни!”
Кога Џим Куриер го прашал како успеал да го победи Алкараз со повреда, Новак морал да одвои секунда за да погледне назад во својата ложа на Род Лејвер. Ги виде Стефан и Тара на трибините, а бидејќи мечот заврши по еден по полноќ …
View this post on Instagram
„Сè уште сум на теренот и не можам да се пожалам. Тие лекови почнаа да делуваат и навистина ми помогнаа. Зедов уште една доза, звучи страшно, но навистина е така. Откако заврши вториот сет кој го изгубив, се чувствував се подобро.Велам уште еднаш тие лекови почнаа да ме опуштаат. Но, сега морам да уживам. Го слушнав твоето прашање но изненаден сум што моите деца се тука. Ви благодарам што ме подржувате, но морате да одите на спиење.Не сакам да треба да зборувам за нив, да се вратам на тенисот!“
You're on the clock, Novak 😅
Tara Djokovic's reaction to her Dad's late-night match is priceless 🕰️#AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/QqBKcAWi5h
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
Новак успеа да победи на многу големи натпревари повреден и тоа му помогна сега да биде подобар и да знае точно како треба да игра.
„Кога ќе се вратам во 2023 година, имав слична повреда како оваа, ме следеше од почетокот на турнирот и морав да реагирам. Во тие ситуации сте многу, многу нервозен. Има подеми и падови, секој поен може да го пренесе моментумот на другата страна. Кога играте против шампион како Карлос Алкараз, тој ве турка.Од таа перспектива на она што ми се случи во 2023 година, тоа ми помогна да играм поагресивно. Да ги скратувам поените, тоа беше неопходно“, рече тој.
View this post on Instagram
„Денес е веќе среда! Но и покрај тоа, ќе имам дополнителен ден, се надевам дека ќе се опоравам, тоа е клучот. Размислувам за тоа, ќе го имам тој дополнителен ден, ова е совршено време за мене. Во моментот Саша можеби го игра и најдобриот тенис“, завршил Новак.
Фото: Принтскрин/X