После подолго време вљубениците во музиката имаат нешто ново. Бранко Шпољариќ-Паљач (од Чоканче) и Ѓокица Зафировски – Ѓоле (од Suns) повторно работат, но не со „Чоканче“ или Suns, ами со „ГЛАС” а ова им е четврта песна.
Темата е со наслов „РУЖНИ ВРАТИ СЕ“ …песната си има приказна и е посветена на сите нас кои се запознавме, дружевме, свиревме и сеуште се дружиме до ден денес.
…Ружни е воедно и метафора за тоа време (средината на осумдесетите и почетокот на деведесетите)… еве, после свирките на 25 мај и низ Македонија, до денес не почнавме да се дружиме, вели Паљач… .Čokanče , Suns, Last Expedition , Sanatorium , Tornado , Kango….И се околу тоа време…со тебе, со Мишко, со Тошо, со Панде, со Антонио…убаво време.
…РУЖНИ , ВРАТИ СЕ !
Песна посветена на едно време, помеѓу 1985. и 1995. и Ружни како лик од тоа време, време во кое се создадоа и започнаа да свират многу групи и почнаа да создаваат своја авторска музика на македонски јазик….Чоканче, Suns, Sanatorium, Last Expedition, Конго, Клержо, Гарда, Торнадо , Орион, Океан Пацифик, Аргус, Мизар, Архангел, Талични Том, Александар Македонски,Октавијан, Берза, Ден Потоа, Ројал Алберт Хол, Ла Манш….и многу други.
Преку тие свирки и дружења низ Македонија , особено во „Дом на Млади 25 Мај“ свиревме, се запознававме, се дружевме…со новинари од списанијата , Екран, Млад Борец, Нова Македонија…Радио и телевизија и сите оние кои беа на тие настани…еве и ден – денес после скоро 40 години сеуште сме другари и контактираме од сите страни на светот…а песната РУЖНИ е и метафора на тоа време.
Ружни, врати се!
Ружни, врати се!
Ружни, врати се!
Ружни, врати се
И види го овој град
Ружни врати се
И види го овој јад
Овде денес,
Секој се коцка,
У центар ја нема више
Нашата Коцка!
Нема више,
Пролетери
За ништо гајле
Не се бери
Ама добро е,
Сѐ уште
има Панкери!
Панкери!
Ружни, врати се!
Ружни, врати се!
Откога си замина
Имаме многу проблеми
Источни и западни
Ама ништо не се промени
Не бери гајле,
Ништо не си пропуштил
Овде се врти
истиот Рингишпил!
Се помалце љубов
Се повеќе бол
Ама добро е
Македонија
Сѐ уште има добар
Рокенрол!
Рокенрол!
Ружни, врати се!
Ружни Брате, врати се!
Ружни, врати се!
Ова е воедно и четврта песна на “ГЛАС” кој го сочинуваат ;
Ѓокица Зафировски – Ѓоле (од Suns) и Бранко Шпољариќ-Паљач (од Чоканче)
и пријателите .
„Глас“ досега издадоа 3 песни – „Ново Време“, „Глас“ и „Овде и Сега“
Во реализацијата на песната „Ружни“ учествуваа;
Музика, текст и аранжман: Бранко Шпољариќ – Паљач и Ѓокица Зафировски – Џоле
Вокал: Бранко
Бас и Гитари: Џоле
Тапани: Андреј Анастасов – Еди
Пратечки вокали: Еди, Горан Наумовски – Ѕвер, Бранко, Џоле
Тон сниматели: Сашо Ицановски – Паркет, Дарко Јаневски – Даре, Џоле
Микс и мастеринг: Студио Еукалиптус
Благодарност до Мирослав Тодоровски – Мирко за фотографијата за омотот
Благодарност до Даниел Димитровски – Дани за учеството во демо снимката.
Фото: Приватна архива