Рецепт за меки и вкусни шницли…
Од кујната на баба ни доаѓа рецепт за меки шницли во крем сос од кромид.
Стекови во сос – состојки:
пилешко бело месо
1 голема главичка кромид
2-3 чешниња лук
масло
1 лажица брашно
сув зачин, сол, црн пипер
Подготовка:
Шницлите малку се чукаат, се посолуваат и се валкаат во брашно. Се пржат на масло, па се вадат на чинија. Во таа маст пропржете голема главица исечкан кромид. Кога ќе стане стаклест, додајте една лажица брашно и прелијте со вода за да се добие редок сосот. Покријте и оставете да врие 15-20 минути.
Додадете суви зачини, мелен пипер и сечкан лук. Послужете топло со пире од компири.
Фото: Принтскрин/YouTube