(ВИДЕО) Снимката од момчето Ибрахим со кучињата скитници го освои интернетот

ИАКО многу луѓе грдо ги третираат кучињата скитници или едноставно ги избегнуваат, има посветли примери.
Едно од нив е малото момче Ибрахим. Жител на една од соседните згради го снимил како милува две кучиња скитници на пат кон училиште во чеченскиот град Грозни.


И’ иако многу деца ќе се плашеа, Ибрахим без страв им пришол на кучињата. Го гушнал големото, го помазил помалиот. Кога решил да им се врати и да ги погали уште малку, поголемото куче накратко се оддалечило од него, што значи дека имал лоши искуства со луѓето. Сепак, тоа не го спречило момчето да покаже љубов.
„Го видов видеото. Тоа е Ибрахим“, рекла за Dodo, Катерина, пријателка на семејството на Ибрахим, додавајќи дека сцената е добар одраз на неговиот несебичен дух. „Тој оди на училиште со ќерка ми и и’ помага да ја носи чантата. Тој е многу љубезно момче“.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5 навики кои ги немаат луѓето со САМОДОВЕРБА: Се губат со време и труд

Самодовербата е богатство што го чуваме внатре. Тоа е верба во себе и сигурност дека …