Во една продавница во градот Корба на исланд е снимен бизарен момент.
Едно дете имал напад на бес,или како што е познато во светот ‘temper tantrum’, а неговиот татко не знаел што да прави со него па го влечел на поводник за кучиња кој го имал прицврстено на ранецот на детето.
Снимката на интернет ја објавил пријател на таткото.
„Вака мојот најдобар пријател и неговиот син пазарат. Крајниот резултат беше умирање од смеење заедно со сите во продавницата“, напишал пријателот.
Иако многумина коментирале дека „сочувствуваат со него“, потегот на овој татко не им се допаднал на сите.
„Што е со сите тие родители кои ги влечат децата наоколу. Удрете ги по задникот и научете ги да одат. Цел живот ли ќе ги влечете така? Научете ги дека мораат да прават некои работи кои не ги сакаат“, е еден од коментарите додека други сметаат дека детето би можело да се разболи од валканиот под.