(ВИДЕО) Снимката кружи по мрежата – Неочекувана ситуација во Далмација: Репортерка на РТЛ била полеана со вода од канадер

Новинарката на RTL, Ивана Иванда Рожиќ, доживеала непријатна ситуација додека известувала за пожарите во Далмација, кога канадер ѝ прелетал над главата и ја полил со вода.
На видеото што го сподели danas.hr на социјалните мрежи се гледа како новинарката известувала за пожарите што ја зафатија Далмација. Додека во еден момент ситуацијата е стабилна, во друг момент новинарката Рожиќ е целосно мокра.
„Известувањето во итни ситуации понекогаш може да заврши вака“, стои во описот на објавата која за само неколку часа собра повеќе од 680.000 прегледи.

@danas.hrIzvještavanje u izvanrednim situacijama ponekad može završiti i ovako 👇 #rtl #danashr #reporteri #izvjestavanje #pozar #hrvatska #fyp


♬ original sound – Danas.hr


Во позадина, на крајот од видеото се слуша гласот на колегата кој вели: „Фризурата е трајна“, па многу корисници на социјалните мрежи се смееле и покрај тешката ситуација и можноста да се случат сериозни повреди.
Потсетуваме, неколку пожари во моментов се активни на подрачјето на Далмација, а најтешко е и понатаму кај Тучепи, каде пожарникарите трет ден се борат со пожарот. Пожарот го зафати и паркот на природата Биоково и стигна до Подгора. Хрватските медиуми јавуваат и дека ситуацијата е сериозна во Врсине кај Трогир.
Ниту кај нас ситуацијата со пожарите „не е розова“ но досега се немаслучено нештослично какосо новинарката на RTL.

Фото: Принтскрин/TicTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Монодрамата „Кармен“ утревечер во Драмскиот театар во Скопје

На 11 декември 2024 година, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, …