Земјотрес со јачина од 3,9 степени вчера ја погоди околината на Младеновац, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил околу 23. часот и 30. минути на 44 километри североисточно од Белград.
– Се тресеше. Многу луѓе видоа и слики како паѓаат од полиците – рекол за „Новости“ жител на Младеновац.
Како што објаснила, прво се слушнал силен удар, а потоа се’ почнало да се тресе.
Младеновац вчера рано наутро го погодиле серија земјотреси, од кои првиот бил во 6. часот и 13. минути, а вториот по точно два часа.
Фото: Принтскрин/YouTube