(ВИДЕО) СНИМЕН МОМЕНТОТ КОГА ПОЧНАЛ ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТИБЕТ 

Разорен земјотрес го погоди Тибет, а на социјалните мрежи се појавија снимки од моментот кога земјата почнала да се тресе.
Најмалку 53 лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина во Јутрас. Според кинеските државни медиуми, многу згради се уништени.
Според првите информации, повредени се повеќе од 60 лица, а уништени се повеќе од илјада куќи. Пожарникарите трагаат по тела под урнатините.


Според новинската агенција Ксинхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени, според Рихтеровата скала, го погодил северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет во вторникот, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија.
Сега на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почнала да се тресе. Како што можете да видите на видеото, се почнало да се тресе, а граѓаните панично бегале.

Да потсетиме, земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 часот по средноевропско) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Совети од психолог – Оваа едноставна техника ќе ви помогне да ги решите проблемите со партнерот

Решавањето на конфликтот во врската е често голем предизвик, но со едноставна техника, паровите ќе …