(ВИДЕО) Слушнете ја – Необјавената песна на Тина Тарнер ја здогледа светлината на денот, сепак не е „изгубена“

Песната на Тина Тарнер „Hot for You, Baby“, која остана необјавена, конечно ја здогледа светлината на денот. Оваа песна беше прикажана вчера во емисијата на BBC Radio 2 со Марк Гудиер, како дел од специјалното издание на албумот „Private Dancer“ по повод 40-годишнината од постоењето.
Албумот „Private Dancer“ беше издаден во мај 1984 година и го означи враќањето на Тина Тарнер на музичката сцена, откако избега од насилниот брак со музичарот Ајк Тарнер во 1970-тите.
Во тоа време таа се соочувала со финансиски проблеми, живеела со бонови за храна и работела во кабаре за да ги отплати долговите. Сепак, нејзината кариера направи пресврт кога рок групата „Ролинг Стоунс“ ја покани на нивната американска турнеја, а Род Стјуарт и понуди настап на „Saturday Night Live“.

Тоа беше моментот кога сфати дека сè уште има огромна база на обожаватели, особено во Обединетото Кралство.


Песната „Hot for You, Baby“ долго се сметаше за изгубена, снимена во студиото Capitol во Холивуд, но исечена од самиот албум за да се направи простор за хитовите како „What’s Love Got to Do with It“ и „Better Be Good to Me“. „Private Dancer“ стана огромен успех, достигнувајќи го првото место на американските топ листи, а Тарнер освои четири Греми наради.
Оваа песна ја напишале музичарите Џорџ Јанг и Хари Ванда, додека продуцент бил Џон Картер, кој, и покрај првичните сомнежи на етикетата, се согласил да потпише договоир со Тарнер за „Капитол“.


По повод 40-годишнината, на 21 март ќе излезе специјалното издание на албумот „Private Dancer“. Ова издание ќе вклучува досега необјавени песни, настапи во живо и разни снимки, а ќе биде достапно на ЦД, винил и Blu-ray.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја

Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, …