На социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како жена избегнува да ја плати сметката во ресторанот откако ставила мртва бубашваба во храната.
Имено, жената која го добила прекарот „Госпоѓа бубашваба“ ја повикала келнерката во рибниот ресторан „Пуерто Чале“ во Гвадалахара, Мексико и тврдела дека нашла инсект во нејзината храна.
@tabalminuto #Nacionales | Surge #LadyCucaracha🪳 Comieron bien rico, pero después de saciar sus hambre, “pusieron una cucaracha” en uno de los platillos para no pagar”: una mujer se hizo #viral y recibió el apodo de #LadyCucaracha por usar una cucaracha falsa para no pagar una cuenta en un restaurante en #Guadalajara, #Jalisco ♬ sonido original – Tabasco al minuto
Таа дури и се заканила дека ќе направи сцена ако неа и на нејзиното семејство им се наплати за обилниот оброк.
Нивната сметка не била наплатена, а откако си заминале, персоналот ги проверил камерите за надзор за да ги потврди нивните сомнежи.
На видеото се гледа како жената вади мала кутија, која потоа ја тресе преку храната.
Се чини дека тоа што било во кутијата не излегло, бидејќи еден од членовите на семејството и дава нож, со кој таа го извадила инсектот и го ставила на храната, а потоа ја вратила кутијата во џебот.
Лицето кое го положило ножот се обидувало да не се насмее кога келнерката ја повикале на масата и рекле дека во храната е пронајдена бубашваба.
Видеото ги шокирало луѓето ширум светот и има милиони прегледи.
„Какво ужасно семејство, какви одвратни луѓе“. „Кој знае колку пати го направиле тоа“, „Пред нив персоналот требало да ги провери камерите“, „Можно ли е да постојат вакви луѓе“, се дел од стотиците коментари.
Не се знае дали сопственикот на ресторанот го пријавил семејството измамници во полиција.
Фото: Принтскрин/TikTok