Австралиец од градот Голд Коуст е снимен како се обидува да го исчисти песокот среде песочна бура.
Австралиската телевизија 9News на своите социјални мрежи сподели видео од овој залуден потфат.
„Вредниот господин утрово беше снимен на Голд Коуст како се обидува да држи чекор со лошото време. Може да се види како посветениот работник се обидува со лопата да го исчисти песокот со силни налети на ветер со брзина од 65. километри на час“, напишале тие на видеото.
На снимката се слуша како новинар коментира дека не е сигурен дека „работата функционира“.
„Не сакам да те спречам да си ја работиш работата, очигледно на Голд Коуст работите се малку поинакви. Тој е многу посветен”, рекол новинарот, додека неговиот колега само се смеел.
Фото: Принтскрин/Facebook