(ВИДЕО) СИТЕ МИСЛЕЛЕ ДЕКА УМРЕЛА, А ПОТОА СЕ СЛУЧИЛО ЧУДО: Лекарите констатирале смрт, а таа се разбудила за време на погребот


Чатапорн Срифонла (49) ненадејно се разбудила на пат кон гробиштата каде што требало да биде погребана…
Неверојатен момент е снимен во Тајланд кога Чатапорн Срифонла (49) ненадејно се разбудила на пат кон гробиштата каде што требало да биде погребана. Чатапорн според се судејќи починала додека ја возеле од болница до нејзиниот дом во провинцијата Удон Тани на 29 јуни минатата година, но тоа било само за момент.
Болничарите верувале дека таа починала додека ја возеле, а нејзината ожалостена мајка Мали ги известила роднините за трагедијата, припишувајќи ја смртта на битката со ракот на црниот дроб.
– Ќерка ми се лекуваше од рак во болница, но лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее. Сакав последните моменти да ги помине со семејството, па договорив да ја вратат во нашиот дом. Бевме скршени кога откривме дека таа починала на пат кон дома – изјавила тогаш мајката на Чатапорна.


Семејството го подготвило ковчегот, го организирало комеморацијата и кремирањето, а потоа се случило невидено. Додека комбето било на пат кон храмот Ват Шри Фадунг Патана, Чатапорн одеднаш ги отворила очите. Се слушале врисоци, пискотници и нејзината мајка Мали, во исто време збунета и среќна и зачудена, повторно имала причина да ги повика сите роднини, но овој пат со радосна вест – ќерката и понатаму е жива!
– Лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее, а ние се надевавме дека последните моменти ќе ги помине со семејството, пренесува Daily Mail.
Сличен инцидент се случил претходно истиот месец во Еквадор, кога Бела Монтоја (76) се разбудила во својот ковчег за време на комеморацијата. Почнала да го чеша ковчегот за да им каже на луѓето дека е жива, но за жал починала една недела подоцна.

Фото: Принтскрин/YouTube – TV124


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Споделила видео – Кога Чола ти пее под прозорецот: Оперската пејачка била воодушевена, мислела дека халуцинира

Оперската пејачка Тамара Раѓеновиќ на TikTok сподели интересна сцена што ја доживеала по пробата за …