Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри го победи Италијанецот Лоренцо Мусети, а по тој голем триумф и нов медал за Србија уште еднаш покажа колку му значи земјата што ја претставува.
Прво, Ноле имаше моќна објава на социјалните мрежи. А потоа реши накратко да го прослави освоениот медал со српските навивачи.
Видеото на кое се слуша како пеат Србите стана хит на социјалните мрежи…
„Излези Ноле“, а потоа пред нив се појавува нивниот најдобар спортист. Новак Ѓоковиќ не можел многу време да минува со српските навивачи во Париз, но сепак го искористил моментот да ги поздрави и да им се заблагодари за поддршката што ја добиваше за време на Олимписките игри.
Воодушевувањето настанало кога Ѓоковиќ се појавил пред навивачите, но тој не застанал тука. Тој се доближил до групата и се поздравил со оние во првите редови, додека навивањето за најдобриот на сите времиња продолжило.
#Djokovic pic.twitter.com/zDZyTF8DL5
— OvoOno (@OvoOnoX) August 2, 2024
Нема дилема дека Новак Ѓоковиќ ќе има голема поддршка од српските навивачи во финалниот натпревар закажан за недела попладне. Негов ривал за олимпиското злато ќе биде Карлос Алкараз, кој неодамна го победи во финалето на Вимблдон, а исто така не загуби ниту еден сет на патот до финалето во Париз.
Фото: Принтскрин/X