(ВИДЕО) Селма Блер ја снимила својата борба за живот: „Сакам на другите да им биде полесно од мене“

Актерката Селма Блер ги сподели со јавноста деталите од борбата со тешката болест откако пред неколку години и беше дијагностицирана мултиплекс склероза поради која животот целосно и се промени.
„Само сакам да им помогнам на другите да се чувствуваат подобро“, вели таа во филмот, кој во моментов се прикажува и во кој се гледаат тешкотиите со движењето и говорот со кои се соочува актерката.


Имено, „Introducing Selma Blair“ е документарен филм кој се фокусира на нејзината борба и лекување, како и прилагодување на животот со болеста за да им помогне на оние кои се во слична или иста ситуација како неа.
Режисерката Рејчел Флејт покажа и како актерката е на третман со матични клетки, што е ветувачко за нејзината состојба, но сепак има тешки последици по телото. Селма има модринки на лицето, има болки, а во исто време зборува за чувства на страв и смртност, и во ниту еден момент не го губи оптимизмот.


Болеста ѝ беше дијагностицирана во 2018. година, а за прв пат се појави во јавноста после тоа на Оскарите во 2019 година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 5 години почина еден од најголемите македонски филмски режисери и сценаристи Кирил Ценевски

Кирил Ценевски е роден во Крива Паланка на 28 јануари 1943 година. Тој беше истакнат …