(ВИДЕО) СЕКОЈА ЧЕСТ: Американски милијардер исплатил студентски долг на цела генерација во износ од 40. милиони долари!


Околу 400. допломци од колеџот „Морхаус“ во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија,за крај на школувањето добиле неочекувано голем подарок, откако милијардерот и филантроп Роберт Смит решил да го исплати студентскиот долг на цела генерација, во износ од 40. милиони долари.
Овој технолошки инвеститор, пред да го исплати долгот на студентите на колеџот „Морхаус“ донирал 1,5 милиони долари.
„Морхаус“ е традиционално колеџ на афроамериканци на кој студирале и борецот за човекови права, Мартин Лутер Кинг, познатиот режисер Спајк Ли и глумецот Семјуел Л. Џексон.
„Студенти од колеџот ‘Морхаус’, окружени сте со луѓе кои ви помогнале денес да бидете тука. Во име на осум генерации од моето семејство, колку сме во оваа земја, ќе ви дадам малку потстрек“, рекол милијардерот Смит, кој бил главен говорник на церемонијата на дипломирањето.
Тој во говорот на цела генерација дипломци и порачал дека ќе им го исплати комплетниот студентски долг.
„Знам дека оваа генерација ќе покаже дека тоа е исплатливо. И секам секоја следна генерација да личи на оваа, се надевам дека ќе имаат можност да напредуваат. Бидејќи можеме да водиме сметка едни за други и да обезбедиме сите да имаме прилика да го оствариме американскиот сон“, рекол Смит.


Се наведува дека студентите од кои некои биле дожни и по неколку десетици илјади долари во исто време биле и среќни и шокирани.
„Делува нереално. Кога на говорницата рече дека ќе ни ги исплати долговите, погледнав во колегата и го прашав дали добро слушнав? Бев во комплетен шок и ова е најдобар подарок кој сум го добил во животот“, рекол еден од студентите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …