(ВИДЕО) Сеќавање на прилепската актерска легенда: 7 години без Џумерко

На 69-годишна возраст на 11. јуни во 2015. година, почина познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски – Џумерко.
Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“.
Беше член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање.
Џумерко имал огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.
Беше носител на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.
Џумерко е роден во Прилеп, во 1946 година.


Извор: markukule.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Холестеролот не скока од сланината и јајцата, туку од овие 2 работи што секој ги консумира редовно: ГО УНИШТУВААТ ЦРНИОТ ДРОБ и таложат масти

Холестеролот и замастен црн дроб се вообичаени здравствени проблеми денес. Сепак, колку и да зборуваме …