(ВИДЕО) СЕ СПОДЕЛУВА НА МРЕЖИТЕ – Комично видео на Меланија Трамп: Едвај ја задржала смеата за време на настапот на американската пејачка

На социјалните мрежи се споделува комичен клип од реакцијата на Меланија Трамп на настапот на американсиот пејач Кид Рок за време на Националната конвенција на Републиканците.
Видеото споделено на Твитер ја покажува Меланија Трамп на настап на пејачот кој го сменил текстот на песна во чест на нејзиниот сопруг. Имено, Кид Рок отпеал малку поинаква верзија на неговата песна од 2000 година „American Bad A…“.
Иако сакал да му покаже поддршка на Трамп по нападот, како и да изрази симпатии кон конзервативците, тоа кај Меланија предизвикало сосема спротивен ефект.


Изгледа дека променетиот текст на песната не ја воодушевил и едвај ја задржала смеата.
Меланија направила гримаса додека Кид Рок ја кренал тупаницата во воздух и извикал: „Борба“, очигледно повикувајќи се на реакцијата на Трамп по нападот.


Нејзините реакции не останаа незабележани, а на мрежите пишувале дека можеби не зборува многу, но изразот на лицето и говорот на телото „кажуваат се“.
Со години има многу шпекулации за врската меѓу Меланија и Трамп. Уште кога беше претседател на САД, се трупаат приказни за наводни тешкотии во бракот, ладен однос, па дури и развод. Ова главно беше поттикнато од нивниот ладен однос однос пред камерите, кој пак во последно време се менува.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како ефикасно да се регулира хормоналниот дисбаланс?

Хормоналната рамнотежа е клучна за здравјето на жената, влијаејќи на сè, од расположение до плодност. …