Медицинскиот персонал од една болница во југоисточната провинција Анхуи, Кина, среќно танцувале во дворот, откако повеќе излекувани пациенти биле отпуштени од болницата.
Со денови немилосрдно се бореле на „предната линија“ против коронавирусот,а потоа земале момент за одмор и танцувале дел од балетот „Лебедово езеро“.
Од таа болница во кус рок биле пуштени шест пациенти, а 32.000 пациенти се излечиле на национално ниво, пренесува South Morning Post.
Нивниот радосен танц допрел до милиони корисници на Интернет.
“Неодоливи се и ја заслужуваат сета почит“, „Тие се вистински ангели“, се само некои од коментарите.
Екран.мк/Večernji list