(ВИДЕО) Сара Мејс со две нови песни


Излези од кутија…. Се’ е прекрасно!Мејс го слика општеството со ноти!

Сара Мејс повторно докажа дека креативноста ја има во безброј облици, а инспирацијата ја црпи од времето во кое живее. Овој пат,Сараобјавидве нови песни „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“. Таа сака да даде оригинална и автентична слика на општеството на уникатен начин.


Музиката и текстот на песните е на Сара Мејс, додека аранжманот на истите е на Неврус Бајрам и Иван Петровски.

„Сè е прекрасно“ одлично се исполнува со соло изведбата на виолината на Климент Тодоровски. Тој е концерт мајстор во Македонска опера и балет и неговите ноти и даваат неверојатна димензија на песната. Во „Сè е прекрасно“ Филип Димишковски изведува пијано, Дејан Митровиќ – контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски – гитари, Александар Ванчовски – тапани, Виктор Филиповски со перкусии и Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.


„Се’ е прекрасно“ може да ја чуете на:


„Излези од кутија“ е во изведба на истиот овој тим кој воедно беше дел од проектот Floating through space with Sarah Mace и овие две песни се дел од самиот албум.

„Излези од кутија“ може да се слушне на:

Сара Мејсe музичар чиј стремеж е да направи нешто ново и свежо во македонската музичка индустрија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. Тој е познат македонски …