Социјалните мрежи беа преплавени со видеа од концертот на Адел во Минхен, каде пејачката одлучила да го паузира настапот за да го вклучи преносот на финалето на трката на Олимписките игри во Париз.
Адел е препознатлива како пејачка која на своите настапи и создава незаборавни моменти на публиката, а еден од тие секако се случил на нејзиниот настап во Минхен.
Британската пејачка овој месец ќе пее во Минхен двапати неделно, а се чини дека веќе создала вирален момент на првиот концерт. Адел одлучила да не дозволи концертот да ја спречи да го гледа финалето на 100 метри за жени.
only adele would play the olympics during her show pic.twitter.com/NFkMRWEEJ1
— fran🪐 || she/her (@__fransje) August 3, 2024
Пејачката го паузирала концертот, а на огромниот екран на сцената бил пуштен пренос од трката од Париз.
„Ова го може само Адел“, напишал еден корисник на Твитер споделувајќи видео од концертот.
@aynah_adelevibes She really said we are not missing this, and I like her for it😭💅🏽💅🏽💅🏽 3rd August,2024 #Olympics #2024Olympics #adelelive #adeleinmunich #adele #adeleaccess #adeleadkins #germany🇩🇪 #munich #explorepage✨ #concert #Adeleworld #adelerollinginthedeep #adelesetfiretotherain ♬ original sound – ADELE21❤🪐
Сепак, многумина останале збунети прашувајќи се за кого навива Адел. Со оглед на тоа дека имаше претставничка на Велика Британија, но се чини дека таа ја бодрела натпреварувачката од САД.
Пејачката настапи во отворената арена Messe Munchen со 80.000 седишта, а по серијата настапи во Германија, Адел ќе се врати во резиденцијата во Лас Вегас, каде ќ ебиде од 25 октомври до 23 ноември.
Фото: Принтскрин/TikTok