(ВИДЕО) Русин и Украинка започнале врска две недели пред војната: „Размислуваме каде води сето ова“

За руско-украинската двојка очигледно важи онаа популарната која гласи „љубовта не познава граници“. Тие почнале да се забавуваат само две недели пред почетокот на војната, а потоа решиле да го напуштат Киев и да го започнат својот нов живот во Унгарија.
Михаил, кој инаку е од Русија, во Киев пристигнал пред само една година, а таму ја запознал Валерија со која почнал да се забавува непосредно пред војната.
Иако не се познавале добро, и покрај околностите решиле да останат заедно.
„Необично, но за разлика од другите луѓе овде, јас сум Русин и живеев во Украина една година. Русија ќе страда поради оваа инвазија многу, многу години“, рекол Михаил, кој заедно со девојката се надева дека ќе изгради нов живот додека не заврши ова лудило.


Парот објаснил дека бегството им било многу стресно и дека се уште не веруваат како успеале, но дека на овој начин си ги виделе вистинските лица.
„Тоа беше долго патување од Киев до Унгарија, поминавме речиси пет часа на патот каде секојдневно слушавме звуци од бомбардирање и експлозии, но на крајот успеавме. Таа не знаеше што да очекува од мене, а ниту јас што да очекувам од неа. Но, направивме се како тим, многу добро“, изјави Михаил.

This image has an empty alt attribute; its file name is ljubov.jpg
„Меѓу нас досега се е одлично. Се надеваме дека така ќе остане засекогаш“, велат тие.
Еден ден, кога сè ќе заврши, парот планира да се врати во Украина, каде што и двајцата претходно живееле. Моментално се во Унгарија.
„Таму се’ е прекрасно, имаат одлични ресторани, прекрасни згради, но сепак не можеме да се опуштиме. Многу размислуваме за нашите животи и каде води сето ова“, велат тие.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …