(ВИДЕО) Ријана уште еднаш докажала зошто е МОДНА ИКОНА: Само таа може да го носи ова!

Ријана се погрижила сите очи да бидат вперени во неа на доделувањето на модните награди во Лондон во 2024 година.
Традиционалната манифестација собрала бројни светски познати имиња од различни сфери, а ниту еден моден настан не би бил комплетен без Ријана која со своите комбинации сè подигнува на сосема поинакво ниво.
На црвениот тепих на Ријана (36) и се придружи нејзиниот партнер Асап Роки. Мајката на две деца го донела својот уникатен екстравагантен стил кој ретко кој може да го изнесе.
Во нејзиниот типично драматичен стил, Ријана преку црниот фустан содлабокодеколте облекла јакосина бунда од вештачко крзно и соодветна преголема крзнена капа. Таа на сè додала пар црни кожени ракавици и на изгледот му дала дополнителен гламур со серија слоевити дијамантски ѓердани. Носеше и пар црни унихоп чорапи, кои одлично се стопиле со бундата.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Излегувањето на парот доаѓа по шпекулациите за свршувачка кога Ријана била забележана како носи дијамантски прстен за време на излегување во Беверли Хилс минатиот месец. Сепак, парот не одговорил на споменатите гласини.
Двојката ги има двегодишниот син Рза и едногодишен син Риот Роуз.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Колагенот е одговорен за младешкиот изглед: А овие 10 намирници го имаат во изобилство, треба да ги јадете барем еднаш дневно

Зголемувањето на содржината на колаген во коските доведува до поголема цврстина и флексибилност, а со …