Трик споделен на TikTok покажува како да ги вратите белите чорапи во првобитната состојба со помош на тегла и неколку состојки.
Овој клип е прегледан повеќе од 6 милиони пати, а во него се гледаат советите што тиктокерката ги добила од нејзината баба.
Таа ги покажала белите чорапи кои покажуваат знаци на истрошеност и бојата која не се симнува и покрај тоа што се испрани во машина за перење па ги ставила во тегла.
Потоа во истата тегла додала капсула детергент за перење алишта, лажица морска сол и лажица сода бикарбона. Потоа откинала парчиња алуминиумска фолија од која направила топчиња и ги додала во теглата.
@katesi_tik this is the best trick for white socks #cleaning #cleaninghacks #lifehack #tipsandtricks #tipsandtrick ♬ original sound – theycallmethedrink4
На крај додала топла вода и сè измешала со лажица. Ја затворила теглата, се’ добро протресла и оставила да делува 10 минути.
Откако ги извадила чорапите од теглата, тие биле целосно бели, без жолтите и сивите траги кои биле на нив претходно.
Сода бикарбона, која е една од состојките во оваа смеса, често се препорачува за отстранување на дамки од облеката. Друг совет за чистење ја вклучува токму оваа состојка.
Трикот вклучува подготовка на средство за чистење за кое ви треба топла вода, сода бикарбона, малку оцет, детергент и малку сол. Во поголем сад истурете 500 мл топла вода, лажица сода бикарбона и лажица детергент.
Потоа додадете уште една клучна состојка во растворот за чистење – лажица алкохолен оцет. На крај додадете половина лажица сол. Мешањето на смесата заедно ќе ги одржува чорапите чисти без триење.
Фото: Принтскрин/TikTok