(ВИДЕО) РЕЦЕПТ ЗА НЕВЕРОЈАТНИ ПОСНИ ОБЛАНДИ: Идеален десерт за празничната трпеза

Пробајте го рецептот за посен десерт
Од кујната на баба доаѓа рецепт за посна обланда која ќе ви ја разубави празничната трпеза.
Состојки:
едно помало пакување обланди
140 гр шеќер
130 мл вода
120 гр маргарин
130 гр посни бисквити
100 г мл ореви
1 лажица какао
50 гр посно чоколадо
1 ванилин шеќер
малку рум
Подготовка:
Истурете вода во помал сад, додадете шеќер и маргарин да се растопи и да се проврие. Тргнете од оган. Додадете мелени ореви и мелени бисквити, па измешајте.
Поделете на два дела. На едниот додајте какао и растопено чоколадо и рамномерно измешајте ги. На светлиот фил додадете ванилин шеќер, а на темниот неколку капки рум и измешајте.
Секој фил поделете го на два дела, па премачкајте ги обландите, темни, светли, темни, светли и покријте ги со кора што не се мачка.
Притиснете со даска и оставете да отстои најмалку два часа да се излади и стврдне, по можност преку ноќ. Врвен десерт!


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник

Светите маченици Ермил и Стратоник се христијански светители и маченици од 4 век, познати по …