Тиктокерка од Велика Британија Хана Алексис Грејс насмеала милиони со своето видео во кое ја објавила реакцијата на своето момче на веста дека е бремена.
Имено, Британката во порака му напишала на својот партнер дека знае зошто се чувствува лошо и му испратила фотографија од позитивен тест за бременост.
„Се шегуваш со мене“, набрзо одговорило момчето на Чарли, на што таа напишала: „Не се шегувам. Буквално се тресам“.
@hannahalexisgrace 🥲🥲🥲 #fyp #CloseYourRings #fyp ♬ original sound – Hannah Alexis Grace
Видно потресен, Чарли ја прашал дали му кажала на некој друг, а таа ги навела своите две пријателки.
Алексис бил збунета од неговата реакција на оваа добра вест, но набрзо сфатила за што се работи. Сосема несвесна за ситуацијата, нејзиното момче и напишало да не паничи и дека и двајцата ќе мора да бидат изолирани десет дена.
За среќа, Хана и Чарли успеале да го решат спорот, а младиот човек се воодушевил кога сфатил дека ќе стане татко. Видеото стана „вирално“ на Тикток, а досега го погледнале повеќе од 30. милиони луѓе.
Фото: Принтскрин/TikTok