На социјалната мрежа Твитер се појавиле видео снимки од несреќата која се случила во руската нуклеарна установа „Росатом“…
На кратки снимки, може да се види експлозијата, како и моментот кога започнало спасувањето.
Пет експерти во руската нуклеарна корпорација „Росатом“ се убиени, а тројца други се повредени во експлозија при тестирање на течност за ракетни мотори, пренесува РТ.
Во моментот на несреќата, инженерскиот и техничкиот тим на „Росатом“ работеле на „инженерска и техничка поддршка за изотопични извори на енергија“.
„Во експлозијата загинаа петмина вработени во ‘Росатом’ на 8. август за време на тестирања на воениот терен за обука во регионот Архангелск“, велат од компанијата.
https://twitter.com/BreakingNLive/status/1159551101370322945
Истиот извор наведува дека тројцата воени и цивилни експерти се уште се во сериозна состојба, но не се во животна опасност.
Експлозијата предизвикала почетен скок на нивото на зрачење, кое брзо се вратило во нормала.
Министерството за одбрана и локалните власти објавија дека радијацијата е во нормала.
Беше свикан комитет за итни случаи, на чело со гувернерот Игор Орлов.
Прво беше објавено дека имало двајца мртви.
https://twitter.com/BreakingNLive/status/1159560899553824769
Експлозијата се случи три дена по експлозијата во воениот депо во Краснојарск, исто така на северот на Русија, во која животот го загуби еден војник, а околу десет беа повредени.