Неколку коментари за нејзиниот поранешен сопруг, за тоа како се налутил поради нејзиното појавување на „SNL“ затоа што Ким спомнала дека раскинала и дека тој снимил видео во кое го убива нејзиното ново момче, комичарот Дејвидсон. Се повеќе се зборуваше за тоа како Кардашијан продолжува со животот по уште еден развод, без Канје ефективно да контролира сè, од тоа што носи до она што може и што не може да каже. Ким го положи правосудниот испит, повторно се заљуби и сега всушност се бара себеси. Најголема драма доживеала сестрата Клои, која најпрвин му простила на своето момче и таткото на нејзиното прво дете Тру за изневерувањето, а подоцна во емисијата дознала дека тој повторно ја изневерил и добил дете со друга жена, а во на навистина ужасен начин, во јавноста протекоа судски документи и таа го прочита текстот на порталот, речиси истиот ден како и сите други луѓе.
Кортни Кардашијан, која одби да учествува во последните неколку сезони од старото шоу, се врати во серијата, среќна и заљубена и подготвена да го прошири своето семејство со нејзиниот нов вереник (а сега сопруг) Тревис Баркер. Секако, тука е секогаш нејзиниот поранешен партнер Скот Дисик, со кој има три деца, а кој, се чини, сè уште не е сигурен дали би бил со неа или повеќе би сакал да оди рака под рака со 20-годишна девојка.
Интересот за животите на членовите на ова семејство и нивните сателити (сезонски пријатели, партнери, соработници…) не стивнува.
Порталите сè уште се полни со новости за ова семејство, Твитер и ТикТок не престануваат да го следат секој нивни чекор – од стилот на облекување (моментално омилен дизајнерски бренд им е Баленсијага и таа љубов не престанува уште од Мет Галата, каде што Ким дојде сама со маска на лицето), до промени на телото (дали Ким ги извади имплантите на задникот поради новата врска и сега сака да биде слаба како Парис Хилтон? Што точно промени Клои на себе освен телесната тежина…) Кардашијанки, исто така, се сместија во нова платформа за стриминг, ја подигнаа работата со подобра продукција и се чини дека нивните 15. минути слава никогаш нема да завршат.
Фото: Принтскрин/YouTube