Бред Пит еднаш ги коментираше навиките на помладите генерации во гледањето филмови, откривајќи попат дека класиците како „Кум“, „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Сите луѓе на претседателот“ за него се како „Библија“.
Комбинацијата на социјалните мрежи и платформите за стриминг создава зголемена желба за моментално задоволство и новина. Обемот на вниманието е сè пократок, квантитетот во многу аспекти го надмина квалитетот, а има се помалку ентузијазам за гледање на филмовите што ја обликуваа оваа уметничка форма.
Својата загриженост еднаш ја изрази и Бред Пит, кој беше шокиран што младите не ги гледаат филмовите што тој ги смета за „Библија“.
„Позитивната страна на новиот пејзаж е тоа што гледате дека повеќе луѓе добиваат можности, но гледам нешто друго што се случува со помладите генерации. „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Сите луѓе на претседателот“ – овие филмови се „Библија“ за мене, а можеби тој нема ни да ги гледа“, изјавил Пит за Esquire.
Тој додал дека верува дека секој добар филм неизбежно ја наоѓа својата публика, но дека има промена во распонот на вниманието.
„Слушам од поновите генерации дека се навикнати на нешто пократко, побрзо, голем скок во и надвор. И услугите за стриминг функционираат на тој начин; можете да прескокнете на следната ако сте заинтересирани. Она што јас секогаш сум сакал е да одам во кино и да дозволам нешто полека да се случува, и да уживаш во таа приказна и да гледаш и да видиш каде оди“, рекол Пит.
Фoтo: Принтскрин/Instagram