Поп-ѕвездата Аријана Гранде доживеала вистинска драма во Париз, каде што за малку избегна сериозна несреќа.
Инцидентот се случил кога автомобил одеднаш влегол во пешачката зона пред салата каде што се одржувала европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката Аријана Гранде, за среќа, не е повредена.
Момент на хаос по премиерата
Гранде позирала на црвениот тепих таа вечер, опкружена со обожаватели и фотографи, во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според извештаите на медиумите, додека одела кон својот автомобил, возило „малку премногу се приближило“ до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Се чини дека автомобилот влегол во пешачката зона, што го натерало обезбедувањето да реагира во најскоро време – токму кога ѕвездата успеала да се тргне од патот.
Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Полицијата истражува што се случило
Париската полиција потврдила дека била повикана на местото на настанот за да ги утврди околностите на инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на известувањето немало апсења и дека истрагата е отворена. Возачот наводно соработувал со властите и засега нема индикации дека станува збор за намерен обид.
Безбедносните експерти потсетуваат дека, и’ покрај бариерите и строго контролираните влезови, таканаречените транзициски зони – дел од патот од салата до возилото – остануваат најслабата алка.
Влегувањето на автомобил во пешачка зона укажува дека најверојатно станува збор за погрешна проценка, техничка грешка или едноставна грешка на возачот.
Аријана Гранде не коментирала
Претставниците на Аријана Гранде сè уште не го коментирале инцидентот, а нема ни споменување на настанот на нејзините профили на социјалните мрежи.
Во меѓувреме, фановите на X (порано Твитер) и Инстаграм го изразиле своето огромно олеснување што нивната миленичка поминала неповредена.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни