Видео од несмасно бебе кое беше објавено пред неколку дена на социјалната мрежа TikTok насмеа многу корисници и собра повеќе од седум милиони прегледи.
Познато е дека бебињата немаат најдобро чувство за околината и дека на нивните вештини треба долго да се работи за да се воспостави контрола и да бидат попрецизни. Но, иако очекуваме да бидат многу несмасни, можеби ќе се изненадиме колку можат да уништат за само неколку секунди.
Кејтлин и Шон се партнери кои често преку TikTok објавуваат ситуации од нивното секојдневие, меѓу кои обично е и нивното девојче Елси. Но, едно од последните видеа стана вирално поради неочекувана ситуација.
@seanandcaitlinShe is going to be that one clumsy friend 😂❤️
Кејтлин сакала да ги снима Шон и Елси додека се дружат, но нивната средба завршила неочекувано бидејќи девојчето било несмасно.
„Таа ќе биде таа несмасна пријателка“, пишувало во описот.
Имено, девојчето прво го истурила сокот на масата и каучот, а потоа кога се свртела да покаже дека каучот е влажен, го промашила потпирачот за грб и паднала и попат истурила грицки од масата. Набргу потоа станала и почнала да бара грицки кои завршиле во друг дел од собата.
„Чипсот леташе толку брзо што не можам да престанам да се смеам“, „Хаотичен“, „Кажи ми дека не сум единствениот што го гледал ова видео 500 пати“, „Случајниот хаос е совршен“, „Таа е толку слатка“, „Сега ме гледаш, сега не“, „Каков е животот кога имаш мало дете“, „Елси започна кариера како магионичар“, беа само дел од коментарите.
Фoтo: Принтскрин/TikTok