Бројот на жртви од поплавите на западот на Германија продолжува да расте – забележани се повеќе од 130 жртви откако полицијата објави 90 смртни случаи во областа Ахрвајлер во саботата.
Според податоците објавени во саботата, вкупно 133 лица загинале во западните региони на Германија, додека во регионот на Северна Рајна-Вестфалија, официјалните лица потврдија 43 смртни случаи во петокот.
Спасувачките служби продолжуваат да работат низ Западна Европа откако над 150 лица загинаа во поплавите што предизвикаа обилни дождови во делови на Германија, Белгија, Франција, Швајцарија, Луксембург и Холандија.
Во саботата наутро полицијата во Германија соопшти дека очекува зголемување на смртно настраданите во областа Ахрвајлер, кризно жариште во провинцијата Рајнска област-Пфалц.
Таму полицијата примила 618 дојави за повреди.
Оштетени се мостовите и блокираните патишта во долината Ахр, а полицијата побарала од жителите да ја избегнуваат областа за да го олеснат движењето на спасувачките возила.
Повеќе од два дена откако поплавите го погодија регионот, многумина сè уште се водат како исчезнати. Во тек е потрага и спасување.
Before and after
Aerial views of #Altenahr in Germany's Rhineland-Palatinate state
From @WxNB_#Flooding #Hochwasser #Germany
REPOSTING to correct source pic.twitter.com/cFRFAy3KHd— World Meteorological Organization (@WMO) July 16, 2021
Фото: Принтскрин