Почнаа божиќните пости па ви донесуваме рецепт за пита која може да биде дел и од вашата трпеза за слави…
Потребно е:
1 мал страк праз
грст спанаќ
2 свежи пиперки
суви зачини
3 чешниња лук
2 лажици гриз
масло
тенки кори
Подготовка:
Исечкаје го зеленчукот: Во тавче издинстајте го сечканиот праз, измиениот и исечкан спанаќ и пиперката. Зачинете со суви билки и измешајте да се соедини.
Пред крај додадете го иситнетото лукче и пржете уште неколку секунди. На крај вмешајте го гризот и се убаво соединете.
Формирајте ги ролатите: Поставете три кори една врз друга и секој лист премачкајте го со масло. Ставете две лажици од филот на долната третина од корите.
Свиткајте ги страните на корите навнатре и цврсто завиткајте во ролат. Исечете го ролатот на помали парчиња.
Печење: ролатите ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Намачкајте ги со масло и посипете со сусам. Печете на 200°C околу 40 минути.
Уживајте во вашата вкусна и здрава посна пита!
Фото: Принтскрин/YouTube