Ен Хатавеј отворила профил на TikTok и во едно од најновите видеа го покажала својот омилен бјути трик за пополни усни.
Во видеото, со песната „Lips Are Movin“ на Меган Трејнор, Ен Хатавеј седи на стол за шминкање додека фризерот Адир Абергел ја подготвува за снимање на кампањата за козметика Shiseido. Облечена во црна наметка од Версаче, Ен коментира како нејзината горна усна изгледа „исушена“. Потоа зема шнола за пунџа и лесно тапка по усната за да ја стимулира циркулацијата.
– Стимулирајте ја циркулацијата на крвта во усната, стимулирајте ја да поцрвени – вели Ен.
Таа додава дека поради овој трик сите ја гледаат како да не е нормална, но напоменува дека тоа навистина функционира. На крајот од видеото таа ги предупредува своите следбеници да бидат внимателни и нежни за да избегнат повреди.
@annehathaway The more you know 🌠 #liptok ♬ Lips Are Movin – Meghan Trainor
Дека трикот навистина функционира, Ен докажала кога облекла едноставен фустан од „Гап“ и скап накит „Булгари“, додека усните и биле заводливо полни.
Фото: Принтскрин/TikTok