Пејачот Џастин Бибер ги извести своите фанови за неговото закрепнување по дијагнозата
По драмата помеѓу неговата поранешна деевојка Селена Гомез и сегашната сопруга Хејли Бибер, Џастин Бибер одлучи да ја откаже светската турнеја. Пејачот, кој неодамна го прослави својот 29-ти роденден, наведе здравствени причини за оваа одлука… Тој сега на својот Инстаграм профил сподели видео во кое може да ги движи двете страни на лицето, што не можеше да го направи минатата година.
„Почекајте“, им напиша тој на своите повеќе од 281 милион следбеници на неговиот профил. Во краткото видео Бибер ги мрдаше очите од една на друга страна, ги подигна веѓите и се насмевна.
View this post on Instagram
Рамзи Хант синдромот се карактеризира со болен осип во близина на увото, лицето или устата. Се манифестира кога вирусот варичела-зостер инфицира нерв во главата, а понекогаш може да предизвика парализа на лицето.
Минатиот јуни канадскиот пејач откри дека боледува од овој синдром. Тогаш двократниот добитник на Греми изјави дека за опоравување ќе биде потребно време и дека ќе мора да прави различни вежби за своето лице. Дијагнозата го принуди да ги одложи американските датуми на „Светската турнеја на правдата“.
„Тоа е од овој вирус кој го напаѓа нервот на моето уво и фацијалниот нерв и ми предизвикува парализа на лицето. Како што можете да видите, ова око нема да трепне. Не можам да се насмевнам на оваа страна од лицето, ова не сака да се помести. Целосно ми е парализирана оваа страна на лицето“, објаснил тој во видеото на Инстаграм во јуни.
View this post on Instagram
„Преку целата оваа непријатност, најдов утеха во оној кој ме создаде и кој ме познава – рекол Џастин, мислејќи на Бога. Познато е дека тој е голем верник, и дека редовно ја посетува црквата.
Фото: Принтскрин/Instagram