Српскиот тиктокер Лука Алериќ ги воодушевил своите следбеници со гест кон жена која секојдневно продава цвеќе на улица и докажал дека за среќа навистина е потребно малку.
Тој изјавил дека оваа госпоѓа секојдневно смрзнува обидувајќи се да продаде цвеќе, но за жал речиси никој не купува. Тој и пришол и ја прашал колку чини еден букет, на што таа одговорила: „200 динари“.
@aleric.luka Svaki dan je tu, morao sam bar malo da joj pomognem! Ovaj video sam snimio samo da bih vam skrenuo paznju. Mozda se neko od vas seti bas ovog snimka i kupi cvece od gospodja koje se smrzavaju na ulici i trude se da zarade za zivot. To mi je nekako najslade potrosen novac jer znam da je to sigurno sve sa ljubavlju napravljeno. #fy #fyp #foryoupage #fypbalkan #balkan #srbija #serbia #pancevo #beograd #foryoupage #cveće #cveće🌷💐🌸🌼🌻🌹🥀 #lukaaleric #pancevo❤️ ♬ original sound – aleric.luka
Лука навел дека сака да и однесе едно на мајка си, а потоа ја прашал дали сепак може да купи се, што неа ја шокирало.
„Како мислиш се? Сето ова?“, го прашала и од срце се насмеала. Ги платил сите букети и и оставил бакшиш.
„Еве 5.000, да имате. Земете, слободно. Да си одите дома. Доста, стоите тука секој ден”, и рекол тој. Жената сè уште не можела да поверува што се случило. Рекла дека вчера продала еден букет.
Со овој едноставен гест ја докажал својата хуманост. Во описот на видеото, меѓу другото навел дека ова се најдобрите пари што ги потрошил бидејќи знае дека сигурно се е направено со љубов. Многу следбеници го пофалиле овој негов потег.
„Браво. Така се прави“, „Секоја чест. Господ да те благослови“, „Биди жив и здрав“, „Ова е доволно за да расплаче возрасен човек“, се дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/TikTok