(ВИДЕО) По тешка борба, Долф Лундгрен на Инстаграм ја сподели радосната вест: „Конечно без рак“

Шведскиот актер Долф Лундгрен, познат по улогите во акционите филмови, им се обрати на своите обожаватели преку Инстаграм, откривајќи дека неговата долга битка со ракот конечно е завршена.
Во емотивната објава, Лундгрен ја сподели веста дека неговата битка со болеста е при крај и дека се подготвува за последниот чекор во неговото лекување, кој вклучува аблација на белите дробови.
„Конечно без рак со благодарност и возбуда за светла иднина. Ви благодарам за сета поддршка секогаш“, напишал актерот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Dolph Lundgren (@dolphlundgren)


Лундгрен ја откри својата дијагноза за рак во мај оваа година. Првиот тумор бил пронајден пред осум години во неговиот бубрег и успешно бил отстранет. Сепак, во 2020 година, ракот се проширил на неговите бели дробови, ‘рбетот, црниот дроб и желудникот, а лекарите му дале многу лоша прогноза, велејќи дека има само две до три години живот.
Сепак, и’ покрај ужасните прогнози, Лундгрен продолжил да се бори и сега со гордост објави дека е на крајот од неговиот здравствен предизвик.
Актерот, кој е роден во Стокхолм, моментално е во брак со 28-годишната Ема Крокдал. Познат е по улогите во култните акциони филмови, особено оние во серијата „Роки“, каде светската слава ја стекна во 1985 година со улогата на Иван Драго.
Подоцна постигна значителен успех во други акциони филмови, а на големото платно се врати во 2010 година, кога стана дел од актерската екипа на „The Expendables“, заедно со Силвестер Сталоне, Џејсон Статам, Мики Рурк и Џет Ли.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На лицето може да се забележат два симптоми на високо ниво на холестерол

Високиот холестерол често се нарекува „тивок убиец“ поради фактот што симптомите обично потешко се забележуваат. …